ВИДЕО - Бизнис информативен центар ќе се отвори во Кавадарци
13-10-2015 РЕГИОН

Во центарот на Кавадарци или во поткровјето на зградата на домот на културата, ќе биде отворен бизнис информативен центар.

 

Денеска во рамки на 37 та редовна седница на советот на општина Кавадарци проектот беше едногласно подржан и се усвоија одлуки за давање согласност за имплементација на проектот.

 

За проектот пред советниците образложение даде раководителот на секторот за локален економски развој при општината, Тодор Ефремов, кој напомена дека за овој проект советот дал подршка и во 2013 година, а сега само се потврдува таа подршка за да може проектот да биде имплементиран.

 

 

 Финансирањето на бизнис информативниот и     иновативен центар ќе биде со средства од Европската Унија во висина од 85% од вкупната вредност, а со 15% од републичкиот буџет, односно од Министерството за локална самоуправа.Просторот ќе биде наменет за подршка на бизнис секторот за организирање бизнис средби, подршка на нови бизниси, промоција на прекуграничниот регион, стимулација на претприемништвото и едукации за самовработување и преквалификација.

А.Д



Share

Додади коментар