ВИДЕО: Интензивирани подготовките за „Тиквешки гроздобер 2016“
10-08-2016 РЕГИОН

  Организаторот на стопанско туристичката манифестација Тиквешки    гроздобер активно ги подготвува содржините за оваа манифестација  која ќе се одржи во првите денови од септември.

 

 Денеска на работен состанок со претставници на основите и средните  училишта се договараа деталите за карневалските поставки.

 

 Зоран Станоев од организациониот одбор во изјава за КТВ потврди  дека подготовките се интензивирани, со цел присутните на  Тиквешкиот гроздобер да уживаат во подготвените содржини.

 

 Станоев најави дека над 800 учесници ќе бидат дел од винскиот  карневал кој ќе се одржи годинава.

 

 Рибља Чорба и Парни Ваљак се дел од годинашнава програма за  манифестацијата. Ќе има и други музички изненадувања.

 

А.Д



Share

Додади коментар