ВИНСКИ МУЗЕЈ КАВАДАРЦИ ОДБЕЛЕЖА ЕДНА ГОДИНА ПОСТОЕЊЕ (видео)
07-09-2021 РЕГИОН
Со песна, изложба и дегустација на вина одбележана една година од успешната приказна на кавадаречкиот вински музеј.
Вински Музеј – Кавадарци синока одбележа една година постоење и успешна работа, период во кој оваа институција стана задолжителна дестинација за локалните, домашните и странски посетители. На почетокот на настанот присутните ги поздравии директорката Весела Честоева која воедно и ги запозна присутните со сите настани кои се случиле во изминатава година.
На крај на присутните им се обрати и градоначалникот Митко Јанчев кој покрај роденденот ги честиташе и претстојните празници.
М.В.

Додади коментар