ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците не видоа никаков аир од владеењето на СДС
11-05-2017 РЕГИОН

Со писмен одговор на денешната прес конференција на СДСМ Кавадарци се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

(интегрален текст од писменото обраќање до јавноста)

 

Земјоделците не видоа никаков аир од владеењето на СДС. Ветувањата брда и долини за земјодлците од страна на СДС е прочитана приказна.

 

            Земјоделците од владеењето на СДС гледаа само полициски пендреци кои беа користени да се разбијат протестите кој настанаа од штетните политики на СДС во земјоделскиот сектор.

 

            Гледаа како олигарсите блиски до СДС го грабаат најквалитетното земјоделско земјиште во Кавадарци. Гледаа и како нивното грозје се продаваше за само 4 денари по килограм. Такви реформи земјоделците не сакаат да се пофторат и затоа довербата на избори им ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ.

 

            Владата на ВМРО-ДПМНЕ денес овозможува финансиска поддршка на македонските земјоделци, додека пак во времето на СДС не постоеше такво нешто.

 

            Во ова соопштение сакаме да ја информираме и јавноста дека Уставениот суд штотуку утврди дека нема пречки да се исплатат субвенциите заради настанатата политичка криза која ја иницира СДС. Земјоделските субвенции ќе се исплатат откако Уставниот суд ќе ја објави одлуката во службен весник.

 

            Земјоделците оштетени од  пролетниот мраз после проценката на терен, ќе ја добијат и помошта од оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

            Додека СДС нуди лаги и манипулации за да ја покријат Тиранската Платформа, која не само што ја прифатија, туку и почнаа да ја реализираат, ВМРО-ДПМНЕ нуди и реализира проекти, го подобрува стандардот на граѓаните и заедно со нив се соочуваме со проблемите, па ги решаваме.

 

            Само така се сака Македонија, само така се гради иднина за сите граѓани во оваа земја.



Share

Додади коментар