ВМРО-ДПМНЕ: Мерката “зелена нафта“ е само козметичка мерка
06-08-2019 РЕГИОН

По денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци, дека земјоделците добиваат зелена нафта после 10 години манипулирање со нив, попладнево со реакција се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

 

(интегрален текст) ОО СДСМ преку партиски прес конференции продолжува да ги манипулира и лаже земјоделците.

Имено, СДСМ предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци.

 

Оваа мерка на СДСМ со која толку многу се фали е само козметичка мерка која нема да ги реши проблемите на земјоделците.

СДСМ наместо да држи празни прес конференции во кои ништо не кажува, време е да почне да се грижи за проблемите на земјоделците со пласманот и цената на нивните производи.

 

Власта на СДСМ е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните.

 

СДСМ најдобро што знае да работи е да ги осиромашува граѓаните. Нив не ги интересира ниту државата, ниту граѓаните. Единствено што умеат добро да сработат е да спроведат некој криминален тендер со милионски суми на провизии, рекетирање на бизнисмени, спроведување на политички прогон, закани и уцени врз неистомислениците.

 

Од ваквата катастрофална политика која ја спроведуваат СДСМ и Заев, граѓаните само губат.

 

Затоа потребно е оваа криминална банда веднаш да си замине. За доброто на граѓаните и државата потребно е итно распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори.

 



Share

Додади коментар