ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев повторно бесрамно манипулираат со граѓаните, а во тоа соучесник е и Даниела Колева
11-06-2020 РЕГИОН
На денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци. Обвинуваат дека платежната картичка што државата ќе им ја дава на граѓаните со ниски примања, била класичен поткуп.(интегрален текст) Единствен бенефит од таканаречената домашна платежна картичка има СДСМ и Зоран Заев за вршење на класичен предизборен поткуп.
Граѓаните не знае ниту по кој критериуми ќе бидат делени картичките, а ниту пак кој ќе одлучува кој да добие, а кој не.
Со ова се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори.
Наместо таканаречени социјални мерки владата требаше реално да ги помогне стопанствениците и работниците со покривање на дел од плата како што предлагаше ВМРО-ДПМНЕ.
Мерките на владата се задоцнети и не претставуваат никаква помош за граѓаните.
СДСМ не се грижи за проблемите и потребите на граѓаните.
СДСМ наместо да се насочува на поткуп, во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците.
Мерките за стопанството треба да важат и за јули и за август.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.











Додади коментар