Во изградба е втор тротоар на проширената „Шишка“
02-12-2020 РЕГИОН

Опeративата на фирмата „Градба промет“ работи на поплочување на тротоарот на делот од влезот во Глишиќ до спојот со Северен булевар кај Општа болница. На оваа делница се оформува тротоар со широчина од два метри, каде се поставуваат рабници, се врши тампонирање и поплочување со павер елементи.
Со овој проект општината создава побезбедни услови за движење на пешаците - велат од локалната самоуправа.
Во завршниот дел од реализацијата на проектот проширување и реконструкција на ул.„Шишка“ ќе следи и целосно реновирање и подобрување на Јавното улично осветлување.


Додади коментар