Во Кавадарци засега четири независни советнички листи
27-08-2021 РЕГИОН

До 30 август,  до полноќ,  се собираат потписи за независни кандидати за градоначалници и за советнички листи. Во Кавадарци две листи на група избирачи веќе ги собра потребните потписи, се собираат за уште две советнички листи.

 

Во подрачната канцеларија на ДИК во Кавадарци во тек е собирањето на потписи за независни советнички  листи,  чии носители се Марјанчо Арангелов и Јован Златевски.

Потребните потписи веќе ги собраа Петар Камчевски и Ристо Сакалиев.

 

Потписите веќе ги собрал и Стојанче Лазов за независен кандидат за градоначалник на општина Росоман.

 

Согласно роковникот од ДИК, собирањето на потписи започна на 16 август и ќе трае до 30 август, понеделник до 24 часот.

 

Од политичките партии веќе се познати дел од кандидатите кои ќе трчаат на локалните избори. СДСМ за Кавадарци го предложи претседателот на ОО, Горан Тодоров. ВМРО-ДПМНЕ сеуште нема објавено свој кандидат за градоначалник,  иако се поизвесно е дека тоа ќе биде актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.  Во партиите се водат битки и за комплетирање на понудата за советници во советот.

 

А.Д

 

 

 

 



Share

Додади коментар