Во Кавадарци има 3737 невработени лица
13-10-2016 РЕГИОН

Кавадарци е лидер по бројот на вработени во земјава, информираше денеска на прес конференција раководителот на Центарот за вработување, Благој Борисов. Според него успехот во намалувањето на невработеноста се должи на активните мерки и политики за вработување што ги нуди државата.

 

„Аналитички гледано во периодот од 2006 до 2016 година Кавадарци е на прво место по намалувањето на бројот на невработени. На крајот на август имаше 8763 невработени, а веќе во август годинава бројот на невработени е намален на 3737 лица. Стапката на невработеност изнесува 9,8%. Од кога дојдов во Центарот за вработување во 2000 година бројот на невработени беше 12.000“ рече Борисов.

 

Кавадарчани покажале голем интерес за активните мерки и политики кои ги нуди државата. Со проектот „Македонија вработува 1“ биле вработени 307 лица, а биле доставени 400 апликации. 44 лица биле вработени преку проектот „Македонија вработува 2“. Раководителот на Кавадаречкиот центар за вработување нагласи дека проектот „Македонија вработува 2“ ќе биде активен до  28 јуни следната година.

 

Во моментов во Центарот за вработување се евидентирани 1020 пасивни баратели на работа. Меѓу оние кои бараат вработување се и магистри и доктори на науки. Техничките науки нудат голема можност за вработување – вели раководителот на Центарот за вработување во Кавадарци.  Тој изнесе податок дека вВо Каво Кавадарци, Неготино, Велес нема ниту еден дипломиран професор по физика кој е невработен (повеќе во видео изданието на вестите)

 

Ангел Данов 



Share

Додади коментар