Во Кавадарци на секои десет дена по едно каснување од куче
02-10-2013 РЕГИОН

Откако граѓани раегираа дека имаат мака од кучињата скитници, се обративме во општата болница во Кавадарци за да прашаме дали често се сучува каснувањеод куче во Кавадарци.
На секои десет дена по едно каснување од куче во Кавадарци, ова е просекот на каснувања кој ни го соопшти доктор Дано Кулев, началник на хирушкото одделение при општата болница во Кавадарци.

 

-Главно каснувањата се на делот на рецете или нозете. Во најголем дел пациентите лесно поминуваат во лекувањето, но има и случаи кога се добива инфекција на раната па таа тешко зараснува. Таков е случајот со една жена од село на која и беа потребни два месеци лекување-кажа Кулев.

 

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов рече дека проблемот со кучињата скитници кој постои во секоја општина, Кавадарци ќе го решава заедно со другите локални самоуправи во рамки на Вардарскиот плански регион.
-Поефтино е проблемот да се решава регионално. Веќе е изготвена и проектна документација за прифатен центар во кој бездомните животни ќе добиваат стручен третман. Не е хумано животните скитници да се убиваат и да се трујат –нагласи градоначалникот.

 

Тој кажа дека општината веќе платила и отштета на еден од граѓаните кои биле каснати од куче скитник.

Светлана Дарудова



Share

Додади коментар