Во Кавадарци НЕМА сомнителни лица со корона вирус!
10-03-2020 РЕГИОН

По бројните шпекулации кои во текот на денот кружат меѓу кавадарчани, за наводно заболени лица со корона вирус од Кавадарци, се обративме до Центарот за јавно здравје.

 

„Засега, НЕМА ниту еден сомнителен случај на вирусот Ковид 19“ ни изјави д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје и ги  отфрла сите шпекулации за кои говори чаршијата.

 

Не е во ред да се создава паника со лажни вести и да се споменуваат имиња на наводни пациенти. Потребно е да се престане со ваквата хистерија веднаш!!!

 

Почитувани гледачи, внимателно бирајте ги информациите кои ги читате. Постојат т.н портали, кои имаат единствена цел да шират паника меѓу граѓаните. Информирајте се од сериозни медиуми и официјални институции.

 



Share

Додади коментар