Во Кавадарци повеќе градежни активности
08-05-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци привршува со реализација на проектот за реконструкција и адаптација на влезот во зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, каде се наоѓаат административните простории на градската библиотека „Феткин“, ЈП „Паркинг“ и на неколку други субјекти.

 

Деновиве ангажираната оператива изврши поплочување на новиот пристапен влез од северната страна. Сега главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од север, од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на објектот - информираат од локалната самоуправа.

 

После отстранувањето на пристапните скали, општината обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, што ќе доведе до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез на граѓаните во градскиот зелен пазар.

 

Паралелно со дислокацијата на главниот влез се изврши замена и на старите прозорци на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло, како и лимена настрешница.

 

Продолжува реконструкцијата на соблекувалната на фудбалскиот терен на СРЦ „Јасмин“. Ангажираната оператива деновиве извршува молерски работи во ентериерот, а ќе заврши со поставувањето на бетонскиот под до крајот на неделава.

 

Според проектот општината реализира реконструкција на внатрешноста на објектот со замена на прозорците од западната страна, потоа на внатрешните врати, како и реконструкција на санитарниот јазол и просториите со тушеви за спортистите.

 

Овој е прв посериозен зафат на објектот кој беше изграден на почетокот од осумдесеттите години од минатиот.

 

Минатата година со донација на „Ротаракт“ клубот на млади ротаријанци од Кавадарци беше рекоснтруиран покривот како и прозорците.

 

Со новата реконструкција општината дополнително ќе ги подобри инфраструктурните услови за спорт и рекреација на граѓаните на СЦ „Јасмин“.

 

Општина Кавадарци преку програмата за комунална изградба реализира проект за поплочување на зона за одмор и игра на улицата „Рајко Жинзифов“.

 

На површина од 100 метри квадратни се поставуваат бехатон коцки обградени со ниски рабници. Поплочувањето се врши на плато каде се поставени реквизити за игра на деца.

 

Во склоп на зоната е подигнат и ограден ѕид од украсни цигли. Според проекот предвидено е изградба на фонтана за ввода како и поставување урбана опрема клупи и корпи за отпадоци.

 

Оваа површина според планот е предвидена за одмор на граѓаните од населбата- велат од општината.

 

Од локалната самоуправа исто така информираат дека се работи на чистење на патот од с.Марена до с.Сопот. Градежни активности има  на пешачка патека покрај кејот на реката Луда Мара во с.Ваташа, а континуирано се санираат полски патишта во с.Возарци.

Фотографија на Митко Јанчев - Градоначалник на Општина Кавадарци.



Share

Додади коментар