Во ковид одделот на кавадаречката болница се лекуваат 71 пациент
30-03-2021 РЕГИОН

„Во тек на вчерашниот ден во ковид центарот на нашата болница се примени двајца нови пациенти и во моментов се лекуваат вкупно 71 пациент во општа стабилна состојба“ информираше денеска директорот на болницата д-р Диме Коцев и рече дека во вчерашниот ден бил примен и ковид позитивен пациент од  Валандово.

Во ковид центарот во Кавадарци слободни се 24 болнички кревети. 

 

Во вчерашната статистика беа евидентирани 13 нови ковид позитивни, но малиот број се должи на тоа што тестирањата се вршени во неделата, а веќе од вчера има повторно повисок број на нови позитивни, за кои ќе информира министерството за здравство во денешната статистика. 

 

Вчера во Неготино беа евидентирани тројца починати.

 

Од утре започнува вакцинацијата на постари лица на возраст од 77 години. Во Кавадарци вакцинацијата ќе се спроведува во просториите на здравствен дом.

 

А.Д

 

 

 



Share

Додади коментар