Во март 1313 заразени со ковид 19 во Тиквешијата, 30 починати
22-03-2021 РЕГИОН

Со третиот бран на корона вирус во Тиквешијата се бележат најголем број заразени и починати лица од почетокот на пандемијата. Анализата на бројките покажува дека од почетокот на март, заклучно до вчера,  во тиквешкиот регион со вирусот се заразиле  1313 лица, а починале 30.

 

Во овој период,  во Кавадарци има регистрирано вкупно 709 позитивни случаи, а 19 починати. 524 лица во Неготино, каде починале 10 лица, а 80 ковид позитивни за 21 ден во март има во Демир Капија, каде е евидентирано едно починато лице.   

 

Според лекарите, вака високиот број на позитивни случаи се должи пред се на непочитувањето на превентивните мерки и честите групирања, но и на брзата трансмисија на британскиот сој на корона вирусот. 


Дикректорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев информира дека за разлика од претходно сега се почесто ковид одделите се полнат со млади пациенти кои се зависни од кислород, но и покрај тоа, младите и понатаму ги игнорираат последиците од вирусот и ги полнат кафулињата, без воопшто да ги почитуваат основните мерки за заштита. 

 

Од почетокот на пандемијата во Кавадарци се евидентирани вкупно 4093 позитивни, а во моментов активни се 645 случаи. Во Неготино вкупно 1767, а активни се 448 случаи. Во Демир Капија активни се 79 случаи, а вкупно од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 322 случаи. 

 

А.Д



Share

Додади коментар