Во најголем дел се почитуваат правата на децата во Кавадарци
12-12-2013 РЕГИОН

Правата на децата во Кавадарци се почитуваат малку на повисоко ниво споредено со другите општини во земјава. Ова меѓу другото го покажуваат резултатите од годишниот мониторинг врз спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија што денеска беа презентирани во Кавадарци.

„Целта ни е да ги посочиме наодитеод мониторингот кој што го спороведувавме во 2012 и 2013 но и да ги дадеме препораките кои произлегоа сами по себе. Можам да кажам дека сум задоволен од сите наоди. Општина  Кавадари е една од најуспешните  според податоците кои што ги добиваме,  не само на ниво на локална самоуправа,  туку и на училишта и институции .  Третата компонента од проектот опфаќаше скенирање на работата на повеќе институции меѓу кои беа и НВО и медиумите. Може да се каже дека правата на децата во Кавадарци се почитуваат на малку повисоко ниво. Конвенцијата за правата на детето ја обработуваме по неколку членови,  кои што директно го засегаат учеството на децата во донесувањето на олдуки.  Во тој дел можеме да кажеме дека се почитуваат правата на децата во тој дел“ рече Даниел Уневски од НВО „Зона“ Кавадарци.

Овој извештај е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија“ кој го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА со поддршка на Детската фондација Песталоци од Троген, Швајцарија. Целта на овој извештај е да даде приказ за состојбата со регулирањето и почитувањето на правото на учество на децата во донесувањето одлуки и спроведувањето на правото на здружување на ниво на општина Кавадарци, која е една од избраните 16–те општини кои се вклучени во мониторингот.

А.Д



Share

Додади коментар