Без проблеми протекува гласањето од вториот круг на локалните избори во Росоман и Демир Капија.
Според информациите од ДИК, до 13 часот во општина Росоман гласале 33,82% од вкупниот број граѓани со право на глас или 1130 граѓани.
Вчера правото на глас го искористија 68 граѓани од вкупно пријавените 70 болни и немоќни и 10 лица позитивни на ковид 19.
Во Демир Капија до 13 часот излезноста е 44,41% од вкупниот број избирачи 3250.
Излезноста на гласачите на ниво на држава во вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.
А.Д

Додади коментар