Во сабота акција за чистење на отпадот низ сите општини
16-10-2014 РЕГИОН

Министерството за животна средина и просторно планирање н и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, и оваа година продолжува да го спроведува проектот  „Македонија без отпад 2014“.             

За таа цел на 18-ти Октомври 2014 година ( сабота) во рамките на проектот “Македонија без отпад“ на целата територија на Републиката ќе се одржи националната акција за чистење на околината  од отпадот кој се наоѓа лоциран на несоодветни места .

Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и  со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации,  Здруженија на граѓани и месното население.

Целта  на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18-ти Oктомври 2014 година организирано и што по масовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места .    

                Заради подршка на институциите за справување со неовластено исфрлање и складирање на отпадот, граѓаните доколку забележат ваква активност во својата околина, можат да се обратат на бесплатниот телефоски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи.

Во оваа прилика ги известваме и сите учесници во акцијата “Македонија без отпад – 2014“ дека е потребно својата активност да ја регистрираат  на „веб“-страница  www. ajdemakedonija.mk



Share

Додади коментар