Во селата од подкожувјето 40-тина сантиметри снег
18-01-2016 РЕГИОН

Снежна покривка од 40 тина сантиметри викендов се формира во подкожувските села. На висорамнината Витачево има снег од 20 тина сантимери. Во текот на денешниот ден имаше нови врнежи од снег во Михајлово, Рожден, Мрежичко и Бојанчиште.

Според информациите од зимската служба на општина Кавадарци сите патни правци во низинскиот дел е проодно, а исто така расчистени се и патните правци  кон селата од Бошавијата.

Денеска механизацијата на фирмата „Јами“ задолжена за зимско одржување на локалните улици и патишта го расчистуваше снегот од патните правци кон Михајлово, Конопиште, Мрежичко.

Иако патните правци се проодни сепак се апелира без поголема потреба да не се патува кон подкожувските села, бидејќи поради ниските температури има појава на голомразица.

A.Д



Share

Додади коментар