Во средина на февруари Кавадарци ја пушта во работа петата мини хидроцентрала
31-01-2022 РЕГИОН
Во средина на февруари над резервоарите за вода за пиење во Кавадарци ќе биде ставена во функција петата мини хидроцентрала на ЈП Комуналец со капацитет од 250 кв/час . Вo време на енергетска криза овој објект е големо значење.
Инвестицијата чини 20 милиони денари, а од општината кога стартуваа градежните работи рекоа дека истата ќе биде вратена за најмногу четири години, а благодет ќе имаат покрај ЈП Комуналец и граѓаните.
Првично оваа централа требаше да се гради преку јавно приватно партнерство, но ваквата одлука ја промени претходниот состав на советот на предлог на градоначалникот Митко Јанчев и истата се гради со средства на ЈП Комуналец.
A.Д

Додади коментар