Општина Кавадарци преку оперативата на Јавното комунално претпријатиe врши реконструкција на постоечка атмосферска канализација за прифаќање на атмосферски води на дел од улицата „ Тиквешко Востание “ од раскрсницата кај „ Домот на културата “ во правец на „ првиот триаголник “ .
Вкупната должина на предвидената делница за реконструкција е 317 метри. Но според проектот се менува со два профили и тоа еден дел со должина од L=104 м' ќе биде изведен со цевки со дијаметар Ф500мм, а вториоти дел L=213 м' со цевки со дијаметар Ф400 мм.
Предвидено е приклучување на постоечките сливници на новата атмосверска канализациона линија.
Со овој проект општината ќе обезбеди поефикасно одводнување на центарот на градот од атмосверските води.

Додади коментар