Во тек е реконструкција на улица „Мито Хаџи Василев“ во Кавадарци
02-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот проект МСИП, за ревитализација на главните улици, финансиран од Европската Унија и Светска банка.

 

Се работи на гребење на стариот асфалт на ул.„Мито Хаџи-Василев“. Со овој зафат општината ја подготвува улицата за асфалтирање со нов слој фин асфалт.

 

За време на изведувањето на работите на оваа улица е воведен нов времен режим на регулација на сообраќајот.

 

За таа цел се апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и новиот времен режим на движење, како би помогнале за по ефикасно и поквалитетно завршување на работите.



Share

Додади коментар