Во четврток авионско прскање против комарци во Кавадарци
22-06-2021 РЕГИОН

Се известуваат сите граѓани како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците - сандаците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара од с.Марена, целото градско подрачје, до излезот на с.Ваташа.
Од општината информираат дека во тек е и редовна дератизација против глодари на територијата на Општина Кавадарци.


Додади коментар