Вода за наводување од Тиквешкото Езеро ќе има - струја не се произведува
14-04-2021 РЕГИОН

 

На иницијатива на АД ЕСМ денеска се одржа меѓу институционален состанок во хидроелектраната Тиквеш во Кавадарци по неколку прашања поврзани со водостојот на акумулацијата Тиквеш , производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во периодот кој следува, како и другите дејности кои зависат од водата во акумулацијата.

 

На состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, тројца пратеници од Тиквешијата , градоначалници, концесионери од други дејности.

 

АД ЕСМ  веќе извесно време не произведува електрична енергија од Тиквеш, со цел да се наполни акумулацијата до котата 245мнв која што е потребна за непречено наводнување. Денеска нивото на Тиквешкото Езеро е на 242,52 мнв, што значи вода има и ќе имa.

 

Со цел да се обезбеди пооптимална состојба на акумулацијата и задоволување на потребите на сите субјекти чии дејности се потпираат на зафаќање вода од истата или на друг начин се поврзани со Тиквешкото езеро, од денешниот состанокот се утврдени заклучоци кои е потребно понатаму да се реализираат.

 



Share

Додади коментар