Водата од Тиквешко Езеро е безбедна за капење, наводнување и риболов
22-07-2020 РЕГИОН
Водата од Тиквешко Езеро е безбедна и може да се користи за капење, рекреација, наводнување, риболов и напојување на стока - информираа од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Специјалистот по хигиена во кавадаречкиот центар за јавно здравје, д-р Трајче Ризов објаснува дека бактериолошки водата спаѓа во прва и втора категорија, а според заматеност и заситеност со кислород во четврта.
За капење, рекреација, наводнување и риболов може да се користи и водата од реката Вардар кај Неготино, покажала најновата анализа на примероци од водата на мерното место кај Пепелишкиот мост.
А.Д

Додади коментар