Со ровокопач и две теренски возила со приколка од денеска е збогатен возниот парк на ЈП „Комуналец“ Кавадарци. Се работи за возила и машина кои ќе го подобрат работењето на ова јавно претприајтие.
Денеска на пуштањето во функција присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев, кој нагласи дека со ова продолжува модернизацијата на „Комуналец“.
Директорот на јавното претпријатие, Ѓоко Поп- Ицов нагласи дека за ровокопачот ќе се набави и нож кој ќе се користи во текот на зимата за чистење на снегот од тротоарите и градскиот плоштад, а едно од возилата е за мини хидро-електричните централи, а другото возило марка „Дачиа“ со приколка за потребите на водовод и канализација.
Oд набавката на нови возила и механизација за Комуналец ќе следува уште една фаза и во наредниот период ќе бидат промовирани и нови возила.
А.Д

Додади коментар