Вонредна седница на кавадаречкиот совет - дадена согласност за отвоарње на новата градинка
21-05-2018 РЕГИОН

 

Советот на општина Кавадарци денеска на вонредна седница ги усвои одлуките за отпочнување со работа на новата детска градинка, лоцирана во дворот на Здравствен дом Кавадарци. 

 

Објектот на градинката ќе биле насловен „Буба Мара“, и и се дава на користење, одржување и управување на детската градинка „Рада  Поцева“.

 

 Објектот,,Бубамара,, во Општина Кавадарци е изграден со средства од Буџетот на општина Кавадарци, Министерството за труд и социјална политика Скопје, ЈОУДГ,,Рада Поцева,, Кавадарци, а опремувањето е извршено со средства на Министерството за труд и социјална политика Скопје.    

         

Во објектот ке се спроведува програма за рано учење и развој. Според вретраењето програмата ке се остварува во целодневен престој на децата. Згрижувањето и воспитанието на децата ке се реализира во 3 групи од 2 до 6 годишна возраст, односно до вклучување во основно образование, за 75 деца. 

 

A.Д

 

                

 



Share

Додади коментар