Временските услови во прилог на комуналната изградба во Кавадарци
18-12-2015 РЕГИОН

Поволните временски услови овозможија продолжување на градежната сезона се до крај на годината. Секој сончев ден до крајот на 2015 ќе се користи за комунална изградба во Кавадарци, а се што ќе остане нереализирано од програмата за оваа година ќе се заврши следната година, рече денеска градоначалникот Александар Панов.

 

Тој информира дека во моментов се работи на повеќе позиции. Се поставуваат павер елементи на површина од 500 м2 кај градската автобуска, заврши асвалтирањето на дел од улицата „Блажо Алексов“, кај зградата на ЕВН, а се асвалтира и ул. „Орце Николов“. Поплочувањето е завршено во селото Возарци, Чемерско и Страгово на неколку селски улици.

 

„Морам да признаам дека времето не послужи. Се работи на многу позиции во градот на периферијата, во селата. Сеуште се работи во Дреново и неколку други села. Во Кавадарци се асвалтгира и ќе се асфалтира се додека има сонце. Јавен апел до жителите на улицата „Праведничка“ да имаат разбирање оние  двајца,  кои прават проблем за асфалтирање. Неминовно ќе ја асфалтираме оваа улица, дали сега или за 3-4 -5 месеци , сепак ќе се асфалтира. Тие само ќе има направат штета на станатите жители. Работиме на реконструцкија на водоводната цевка, се изврши замена на постоечката  со поголем профил на „Црноречка“ а потоа ќе пристапиме кон асвалтирање.“ рече Панов.

 

Од општината информираат дека се работи и на изградба на летниковец зад просториите на катастарот, уште неколку други позиции, а најголемиот фронт за работа е доградбата на шеталиштето на кејот на реката „Луда Мара“.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар