Второто полугодие стартува без проблеми во Кавадарци и Неготино- штрајк нема да има
17-01-2015 РЕГИОН

Второто полугодие во кавадаречките училишта ќе започне непречено. Во вторник 20 јануари за кога е закажан генералниот штрајк на СОНК, наставниците од основните и средните училишта во Кавадарци ќе бидат на своите работни места а наставата ќе се одвива без прекини.

Ова денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов,  во име на сите наставници во училиштата во Кавадарци.

Без проблеми второто полугодие започнува и во основните и средните училишта во Неготино. Градоначалникот Ванчо Апостолов се сретна со директорите на училиштата и беше нагласено дека наставниот кадар нема да штрајкува.

 



Share

Додади коментар