Годинава четири премиери на кавадаречкиот театар
21-01-2016 РЕГИОН

Љубителите на театарот во Кавадарци и во текот на 2016 година согласно програмата за работа на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ ќе има можност да гледа театарски премиери. Предвидени се четири до крајот на оваа гопдина вклучувајќи ја тука и традиционалната новогодишна претстава за деца. 

 

Од наредниот месец  ќе отпочнат подготовките на претставата „Викенд на мртовци“ според текстот на Миле Гроздановски а во адаптација и режија на Милица Гочевска. Премиерата на ова урнебесна комедија  се очекува за месец април. Новина во театарската дејност годинава ќе биде  театарот на сенки со претставата „Изгубената принцеза“. Автор на текстот е Микица Илова  која целосно е носител на овој проект и режисер на претставата а на најмладата публика позната по бројните  анимации на детски баки кои ги организирала во соработка со Библиотеката „Феткин“ Премиерата на театарот на сенки е предвидена во јуни на крјот од школската година.

 

Третата премиера е  е претставата „Собирен центар“ на текст на Душан Ковачевиќ во адаптација и режија на Диме Коцевски и оваа премиера ќе ја очекуваме во октомври најверојатно со стартот на кавадаречката културна есен.  Во делот на костувања на други театри љубителите на театарот  ги информираме дека во текот на 2016 година предвидено е гостување на театарот „Комедија“ од ЁСкопје, театарот „Солзи и смеа“ од Битола прилепскиот театар „Војдан чернодрински“ и театрите при домовите на култура од Демир капија, Свети Николе и Куманово.

 

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар