Градежни работи на ул. „Киро Каракулев“
08-08-2019 РЕГИОН

Започнаа градежните работи за изградба на улицата „Киро Каракулев“. Оперативата на ангажираната фирма „Павер трејд“ работи на вадење на гранитната коцка, како и на проширување и формирање на профилот на пробиената таса.

 


Според проектот на Општина Кавадарци, изработен врз основа на барањата на жителите од оваа улица, изведувачот на работите во наредната фаза ќе постави, тампон и нови рабници, после што во крајната фаза новата улица ќе се поплочи со бехатон коцки.

 


На оваа локација општината претходно отстрани стара куќа подложна на паѓање, со што се прошири коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, а се отвори и простор за ревитализација на улицата „Киро Каракулев“ - информираат од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар