Градинката во Росоман е подготвена за прием на дечињата
16-12-2013 РЕГИОН
Детската градинка „Праскичка“ во општина Росоман е целосно подготвена за стартот и детските игри.Внатрешниот простор е комплетно уреден со сите потребни елементи од детски креветчиња, масички, столици, детски реквизити, до нај различни модерни играчки.
Уреден е и дворот околу градинаката, мини забавниот парк за дечињата кој ќе престојуваат во неа, а деновиве е поплочен и просторот околу градинката кој доби и интересна заштитна ограда.Она што е сепак неизвесно е нејзиниот старт вели градоначалникот Стојанче Лазов.
М.М

Додади коментар