Градоначалникот Панов им го честита Курбан Бајрам на муслиманите
04-10-2014 РЕГИОН
„Во мое лично име и во името на граѓаните на општина Кавадарци, на сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желба, заедно со семејството и пријателите да го одбележат во добро здравје мир и, радост.
Овој празник нека биде вистинскиот пат кон меѓусебно почитување, добрина, разбирање и помагање. Обединети во вредностите во кои сите меѓусебно се почитуваме и помагаме за изградба на нашата општина како и за заедничко и просперитетно општество. Со добра мисла заедничка работа можеме да придонесеме за развој и просперитет на нашето Кавадарци, регионот и републиката “. стои во честитката од градоначалникот Панов.

Додади коментар