Градоначалникот Јанчев и советници имаа работен состанок со претставници на Ѓи сол
20-06-2018 РЕГИОН

 

 

Со цел воспоставување на подобри односи меѓу Фени индустри и општина Кавадарци, како и презентирање на предностите и бенефициите од успешното рестартирање вчера се одржа работен состанок помеѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, советници и претставници на Ѓи сол.

 

Маркос Камхис, претставник на компанијата се осврна на  досегашните нивни инвестиции во комбинатот од над 70 милиони евра за негово рестартирање, откуп на долгови и дополнителни 10 милиони евра за оперативни трошоци. Камхис посочи дека нивната компанија располагала со рудни ресурси во Африка и Централна Америка, каде во Доминиканската република имале фабрика за никел и потребните искуства и експертиза во оваа област. Смета дека за Фени имало иднина и затоа изминатите месеци работеле за опстанок на фабриката и сите вработени да бидат ангажирани во производниот процес.

 

Според него иднината на фабриката била реорганизација, додека ликвидација или впаричување на имотот било најлошото нешто,зашто со тоа работниците останувале на улица, фабриката ќе се затвори а можноста за нејзино повторно отворање била незивесна. Плановите им се пуштање на втората производна линија со инвестиција од 15 до 20 милиони евра, нови вработувања, соработка со општината и домашните добавувачи на стоки и услуги.

 

На состанокот советниците покажаа најголем интерес  за почитувањето на еколошките стандарди и животната средина. Од Еуроникел одговорија дека  веднаш кога влегле во фабриката направиле целосен ремонт на филтрите и така ќе бидело  и во иднина. Интерес советниците пројавија и за повторно активирање на рудникот Ржаново,при што им беше соопштено дека во околината на рудникот ресурсите практично биле исцрпени но сепак е во нивен интерес и фокус на вниманието,но најдобро,според нив е што тие располагале со доволно руда за обезбедување опстанок на Фени.

 

Градоначалникот Митко Јанчев  рече дека ги слушнале предлозите и плановите на Еуроникел, очекуваат добра соработка со било кој инвеститор во општината и повторно се осврна на состојбите со рудникот Ржаново кој беше затворен пред 5 години,Фени го користеше со децении а 30 ина работници беа прогласени за технолошки вишок. Неработењето на рудникот  Ржаново предизвикува околу 50 милиони денари на годишно ниво да губи општина Кавадарци кои влегуваа во општинската каса на име концесија.



Share

Додади коментар