Градоначалникот Јанчев на средба со жителите на Дреново и Возарци
17-05-2018 РЕГИОН
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев ги продолжува средбите со жителите на месните и урбаните заедници. Синоќа беше во Возарци и Дреново каде се сретна со жителите на овие месни заедници. Им најави два пати во неделата дека ќе добијат можност за лекарски преглед, бидејќи досега ординациите во селата беа празни.
Целта на овие средба како што нагласи Јанчев е да се слушнат и предлози од граѓаните, а општината е во одлична финансиска кондиција за комунална изградба.
К.Ѓ

Додади коментар