Градско го прослави денот на општината
16-12-2013 РЕГИОН

Седумнаесет годишнината денеска ја прослави општина Градско. По повод општинскиот празник 16 ти декември советот одржа и свечена седница во домот на културата Крсте Петков Мисирков. Градоначалничката Жанета Чаушевска пред присутните зборуваше за направеното во изминатите единаесет месеци. За инфраструктурните проекти, спортската сала,  реновираниот простор за детска градинка, асфалтираните и тампонирани улички, проектите со вардарскиот плански регион, но и приоритетите кој следуваат во 2014.

 

Во рамки на прославата претседателот на советот на општина Градско, Ванчо Цветков ги додели благодарниците и пофалниците за заслужните граѓани на Градско. Такви признанија отидоа во рацете на Златко Николовски бизнисмен кој го помогна удерувањето на градинката, успешните земјоделци и сточари Бане Спасовски и Богде Терзиев, организацијата Алка односно нејзиниот претседател Жарко Џипунов и Илија Жоржиев менаџер во ресторан Стоби.

 

Признанија им беа врачени и на најдобрите ученици основци кој учат во Градско и средношколци кој се школуваат во Велес. Присутните имаа можност преку видео презентација да го проследат развојот на општина Градско насловен како ,,Градско некогаш и сега,, а во рамки на културно уметничката програма ја видовме пиесата надмундрување на келнерот, настапот на хорот и оркестарот при ОУ Даме Груев како и КУД Стоби.

 

Меѓу присутните гости со своето присуство домаќините ги удостоија градоначалниците на општина Росоман и Велес, Стојанче Лазов и Славчо Чадиев. Свеченоста во Градско заврши со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата на Златко Владов.



Share

Додади коментар