Грант од 50 илјади евра за кавадаречката болница додели јапонската амасада
25-02-2019 РЕГИОН

 

Педесет илјади евра, грант од јапонската влада доби Општа болница со проширена дејност Кавадарци. Грантот е наменски и со парите ќе се реконструира во целост детското одделение, а ќе се набави и медицинска опрема.

 

Тимот во болницата подолг период работеше на подоготвка на потребната апликација за овој проект. Договорот за донацијата е потпишан вчера во хотел Хилтон во Скопје. Договорот за донацијата го потпишаа  директорот на болницата, д-р Диме Коцев и амбасадорката на Јапонија во Македонија,  Кеико Хенеда,  во присуство на министрите за здравство, образование и наука, за локална самоуправа и заменик министерот за труд и социјална политика.

 

„Со овој проект уште еднаш ја потврдуваме заложбата за подобрување на условите во нашата болница и зголемување на нивото на здравствена заштита, во овој случај на нашите најмили, нашите најмали пациенти“ изјави за КТВ, д-р Коцев.

 

А.Д



Share

Додади коментар