Собирни пункотови за хуманитарна помош за луѓето кои настрадаа во поплавите во Скопје и понатаму има скоро во секој град. Во Кавадарци, Неготино, Велес, граѓаните активно се вклучуваат во хуманитарната акција и донираат храна, вода и облека, секој во своите можности.
Од Црвен Крст информираат дека најпотребни продукти за настраданите се конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.
До денеска на пладне беа собрани 139.885 евра од кои 52.308 од Фондот на солидарност и 87.577 од телефонскиот број за донации.
Од Црвениот крст апелираат граѓаните да ги следат инструкциите за помош за поефикасно справување со последиците од несреќата.
ВО функција е сеуште телефонскиот број за донации 143-400 . Со едно јавување се донираат по 100 денари.

Додади коментар