Ова е една од најлошите години во производството на грозје во тиквешијата- оценуваат и лозарите и на стручните лица. Променливото време беше идеално за развој на болестите и штетниците кои пак го преполовија родот на трпезно и винско грозје. Секојдневно лозарите се прашуваат каде погрешија во заштитата , што годинава загубија големи количини на род.
Професор д-р Ристо Вучков, стручен соработник во емисијата Агроспектар на КТВ, објаснува дека ненавремената заштита и непочитување на постулатите во заштитата помогнати со променливото време се главна причина за преполовениот род на грозје.
Многу од лозарите се сомневаат во квалитетот на средствата за заштита. Кај нив е изразен сомнеж дека активната материја е пониска од таа што е декларирана во производот.
Проф- д-р Вучков е дециден дека ниедна голема хемиска индустрија не би ризикувала да прави експерименти со активната материја на препаратот. Нагласува дека најважно за ефикасна заштита е да се почитува упатството за употреба на секое средство. А.Д
(повеќе во видео изданието на вестите)

Додади коментар