Дванаесет нови заболени од грип во Кавадарци
11-01-2018 РЕГИОН

 

Иако временските прилики се во прилог на брзо ширење на вирусот на грип, сепак тој сеуште е со слаба активност, велат од кавадаречкиот центар за јавно здравје.

 

Изминатата седмица во Кавадарци и Росоман биле евидентирани само 12 нови случаи на грипозни, со што вкупниот број на заболени се искачил на 25.

 

„Минатата година во овој период имавме брзо ширење на грипот и беа евидентирани 2184 заболени. Годинава активноста на грипот е далеку помала. Сепак јануари и февруари се месеци кога е можно нагло ширење на ова вирусно заболување“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемилог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Меидицинските експерти велат дека првите бранови на епидемии на грип се очекуваат во февруари и дека засега ние на северната хемисфера се уште сме безбедни. На јужниот дел се појавува мутиран вирус А H3N2, присутен особено кај најмладите и хронично болните најчесто се лепат на вирусот на грип и тоа би можело да биде проблематично за многумина овде веќе од наредниот месец, повеќе од вообичаените проблеми кога се во прашање од порано познатите, немодифицирани видови на вирусот. Она што е прв чекор до заштита е да се има информација за заканата, и да се преземаат превентивни мерки.


А.Д



Share

Додади коментар