Двајца починати во Кавадарци од корона вирус
29-12-2020 РЕГИОН

Две лица на возраст од 71 и 75 години од Кавадарци се починати од ковид 19 во изминатото деноноќие - информираа од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Бидејќи во неделата направен е мал број на тестирања, заклучно со синоќа се бележат и помалку позитивни. Во Кавадарци има само еден позитивен случај, а два во Неготино. Позитивните се на возраст од 15 до 64 години. 

 

Лекарите велат дека овие бројки не треба да ги опуштаат граѓаните, бидејќи вирусот е сеуште присутен и мора да се почитуваат превентивните мерки и понатаму.

 

„Во текот на вчерашниот ден во ковид центарот во нашата болница се сместени 29 пациенти, во стабилна општа состојба“ информира директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

 

Заклучно со денес во Кавадарци се дијагностицирани и шест случаи на сезонски грип. Лани во овој период, според статстиката на ЦЈЗ Кавадарци биле дијагностицирани 25 случаи.

 

А.Д

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар