Две лица во Кавадарци синоќа го прекршиле полицискиот час
26-03-2021 РЕГИОН
Во период 25./26.03.2021 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 34 лица, и тоа, 26 во Велес и oсум во Кавадарци.
За непочитување на забраната за движење за време на полицискиот час има евидентирано седум лица, од кои пет во Велес и две во Кавадарци.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки - информираат од СВР Велес.
фото: архива КТВ

Додади коментар