Во текот на изминатото деноноќие,23/24.04.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале две лица од Неготино. Едното лице е приведено, а од второто се земени податоци, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Во овој период на девет лица им се издадени Решенија за изолација, сите се во Неготино, седум нови лица потпишале Изјави за самоизолација, четири во Велес и три во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 81 лице, од кои 57 во Велес, 12 во Кавадарци и 12 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 86, од кои 49 во Велес, 25 во Кавадарци и 12 во Неготино.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што сите ги почитувале овие мерки.

Додади коментар