Дебата: “Вработување на лица со посебни потреби“
25-08-2016 РЕГИОН

Државата е должна да создаде услови за лицата со посебни потреби да ги остварат своите човекови права, а особено во сверата на вработувањето на пазарот на трудот и независното живеење. Ова меѓу другото беше речено на денешната дебата на тема „Вработување на лица со посебни потреби“, што се одржа во Кавадарци,  во рамки на проектот  Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Македонија.

 

На дебатата присуствуваа претставници од неколку невладини организации од Кавадарци и Неготино, а проектот го имплементираат Фондацијата за одржлив економски развој Преда плус и Здружението на студенти и младинци со хендикеп.

 

За целите на проектот во изјавата за КТВ информираше координатниот менаџер од „Преда плус“, Марија Димитровска.

 

„Во прописите кои се донесуваат од областа на пазарот на трудот треба да се внимава да не постои никаква дискриминација во однос на вработувањето на лицата со посебни потреби. Државата е должна да обезбеди програми за подршка за вклучување на лицата со посебни потреби на пазарот на трудот“ беше речено на дебатата.

 

  На првата тематска дебата во Кавадарци се нагласи дека како      работодавач државата треба да создава погодни услови за    вработување на лицата со посебни потреби во јавниот сектор и дека  вработувањето на лицата со посебни потреби треба во најголема  мера да се остварува на отворениот пазар на трудот и во мали  заштитни работилници.

 А.Д



Share

Додади коментар