Делегација од Росоман заедно со фолклористите на Карловачки пиво фест
30-08-2013 РЕГИОН

Четири дена низ Србија и Хрватска се презентира фолклорот и традицијата на Македонија и Тиквешијата. Вистинска атракција проследена со бурни аплаузи на сцената се претставниците на КУД Росоман од Росоман кој се специјални гости на најголемиот фестивал на пивото во Хрватска. Како официјален партнер на фестивалот Македонија за свои претставници ги има фолклористите од Росоман кој патем имаа и одличен настап во Србија.

Придружувани се од висока делегација од општината на чело со Градоначалникот Стојанче Лазов и претседателот на советот Марјанчо Пенчев. Во име на добрата соработка и партнерството делегацијата својот престој го искористи и за посета на збратимените општини. Во име на истите официјална средба градоначалникот Лазов, претседателот на советот Пенчев и советникот Ристо Јошев кој е и претседател на КУД Росоман имаа со Миодраг Селаковиќ градоначалник на општина Пламдиште , Јужен Банат Војводина.

Градоначалниците на двете општини разменија мислења, планови и идеи и зазедоа став дека се зацврстува соработката, а во иднина ќе следуваат и заеднички проекти за развој на економски план во интерес на Росоман и Пламдиште. Средбата во кабинетот на градоначалникот Селаковиќ заврши со размена на подароци карактеристични секој за своето поднебје. Инаку во рамки на оваа посета градоначалникот на Општина Росоман своето присуство го искористи и за средба со членовите на демократската партија на Македонците која се одржа во Вршац.

Милица Младенова

 

 



Share

Додади коментар