Влечење со јаже, редење коцки, поминување преку греда, многу музика и игра ги одбелкежа денешните игри без граници на децата од големите групи во кавадаречката градинка. Околу 200 дечиња спортуваа под мотото „Движи се за здравје“ и беа дел од активностите за одбелеување на европската недела на движење.
Спортската сала „Партизан“ одекнуваше од нивниот џагор. Беа радосни и подготвени да победуваат, а помалите дечиња силно ги подреа своите другарчиња од обектите од кои доаѓаат. На нивните лица се гледаше задоволството што денот го исполнија со спорт и рекреација. Игрите беа со натпреварувачки карактер, но на крај сите беа победници.
Професорот по физичка култура Блаже Велков рече дека е прекрасно задоволство да се работи со најмалите.
„Децата сакаат секогаш да играат, да се движат. Сите активности им се интересни, се е ново за нив. Милина е да се работи со децата. Продолжува неделата на движење организирана од федерацијата за меѓународен рекреативен спорт, подржана од македонската федереација за рекреативен спорт. Денеска имаме игри без граници за децата од големите групи во детската градинка „Рада Поцева“. Во овој настан земаат учество многу земји од Европа. Минатата година беа вклучено 500 илјади учесници “ нагласи Велков.
Во градинката преку текот на цела учебна година се организираат редовни активности по физичко воспитување, а од крајот на минатата година кавадаречката градинка е дел и од ова случување, меѓународната недела на движење.
A.Д

Додади коментар