До 31 мај се аплицира за субвенции
22-05-2015 РЕГИОН

Уште во март со стартот на пријавувањето на земјоделците  за добивање на субвенции не стивнуваат гужвите пред вратите на Подрачното министерство за земјоделство  во Кавадарци. Оваа непријатна слика уште повеќе се влошуваше со топлото време кое предизвикуваше уште поголемо отежнување на долгото чекање  на земјоделците во тесниот ходник на третиот кат во општинската зграда.Бројот на вработените во подрачното министерство за земјоделство е ист   уште на самиот старт изјави началникот Зоран шалев барајќи разбирање и дисциплина од страна на земјоделците .

 

Во периоди кога паѓа системот вработените не можат да ги евидентираат апликациите на земјоделците   чекањето се пролонгира а гужвата се зголемува. Има периодот кога во ходникот се собираат и по стотина земјоделци со оглед на фактот што вкупниот број на земјоделци изнесува околу 6000.  Заради празнициите  и неработниот ден во понеделни и наредниот петок  се стравува дека нема да може да се изврши  евидентирање на сите апликации од страна на земјоделците  бидејќи крајниот рок е 31. Мај. Засека сеуште нема најави деод Министерството за земјоделство дека рокот ќе биде пролонгиран иако има реални основа за тоа.

 

Мирјана Мукаетова

 



Share

Додади коментар