До крајот на мај ќе се извршуваат боеви вежбовни активности на АП Криволак
03-05-2017 РЕГИОН

 

Од командата на армиски полигон Криволак го информираат месното население од општините кои гравититаат околу полигонот дека до 31 мај годинава во реоните на Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи Тубре, бел Камен, Козарник, Џидимирци,  Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџа Хамзали, Кавлик, Алајка, Кур Тепе, Штраклево и Енешево ќе се извршуваат вежбовни боеви активности.

 

- Во наведениот период се забранува секакво движење и претстој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така,  се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП Криволак или СВР Штип, ПС ОН Неготино, ПС ОН  Кавадарци или ПС ОН Градско - се вели во соопштението од Армиски полигон Криволак.

 

Се нагласува дека вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно обележани согласно со законските прописи во АРМ, како и обезбедени со физичко обезбедување.



Share

Додади коментар