До петок земјоделците од Росоман и Градско без вода за наводнување
25-07-2016 РЕГИОН
Поради дефект на сифонот од системот за наводнување „Макарија“ земјоделците од општините Росоман и Градско ќе останат без вода за полвање на површините во наредните неколку дена, информираше директорот на Водостопанство, подружница Кавадарци, Љубе Димов.
Тој нагласи дека екипи се на терен и работат на санација на дефектот, но дека се потребни неколку дена дефектот да биде саниран.
Од Водостопанство очекуваат проблемот да биде надминат до петок и водата да биде пуштена во каналската мрежа.
А.Д

Додади коментар