Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во Кавадарци додели 14 решенија за легализација на дивоградби. Тој апелираше граѓаните да ја забрзаат доставата на елаборати со цел да се испочитува крајниот рок.
„Досега се легализирани 60 илјади дивоизградени објекти. Остануваат за легализација уште околу 200 илјади објекти кои немаат соодветна документација или геодетски елаборат. Рокот за поднесување на документи за легализација е јуни 2014 и апелирам до граѓаните час поскоро да поднесат документи затоа што после рокот нема да може да ги легализираат објектите.“ рече Јанакиевски.
Тој нагласи дека во земјава имало доволен број на геодетски фирми кои што ќе можат да одговорат на барањата на граѓаните, а граѓаните да не го чекаат последниот рок бидејќи не се размислува за продолжување на рокот за доставување на елаборатите.
Во општина Кавадарци биле доставени 7.249 барања за легализација на објекти изградени на диво. Од овој број околу 2.000 барања се однесувале за легализација на викендици на Тиквешкото Езеро.
„Досега се легализирани 740 бесправно изградени објекти или 12 проценти, а одбиени се 8 барања за легализација. Согласно на упатствата на министерството за убрзување на постапката ние формиравме и трета комисија за оваа работа. Апелираме до граѓаните да поднесуват документи. За компаниите и оние на кои им е неопходна легализацијата заради хипотеки ќе им биде убрзана постапката, кажа градоначалникот“ рече Панов.
Ангел Данов

Додади коментар