Дождот кој паѓаше во текот на вчерашниот ден и денеска претпладне е добредојден за виновата лоза, особено за насадите кои не се наводнуваат, вели м-р Диме Златев, експерт за заштита на растенијата. Тој објаснува дека до утринава во Кавадарци измерени се 45 л/м2 воден талог. Врнежите за момент ја запреа бербата на грозје.
„За винските сорти ова количина на дожд е од големо значење и позитивно ќе се одрази, посебно кај насадите кои не се наводнуваа, но позитивен одраз ќе има и кај наводнуваните. Единствено,може да направи проблеми кај асталските сорти. Она што посебно загрижува е најавата дека интензивните врнежи од дожд ќе продолжат до крајот на неделата. Ако се остварат овиер најави и дождот биде интернзивен тогаш можно е да се направат штети по квалтитетот на преостанатиот род на грозје. Ќе дојде до пукање на зрното, а можно е да се развијат и болести“ објаснува м-р Златев.
Тој сепак е оптимист дека дополнителни штети времето нема да предизвика во лозарството за оваа реколта и бербата ќе заврши на задоволство на лозарите.
Ангел Данов

Додади коментар